Актуелно

Новости

Сертификати од реализираната обука под наслов „Обука за воведување дигитални содржини во наставата по англиски јазик од VI - VIII одделение“

 

Наставниците по англиски јазик од основните училишта  од сите општини во Скопје кои ја следеле обуката на тема: „Обука за воведување дигитални содржини во наставата по англиски јазик од VI - VIII одделение“ можат да ги подигнат сертификатите во Бирото за развој на образованието, (барака бр. 3, Ирена Никоска - Ајановска) од 9,00 до 16,00 часот секој работен ден.

Семинар за адаптирање наставни програми за математика и природни науки од Cambridge International Examination

Бирото за развој на образованието адаптираше наставни програми за математика и природни науки од Cambridge International Examination, коишто се утврдени од министерот за образование и наука и истите ќе се реализираат од учебната 2014/15 година со учениците од прво до трето одделение на деветгодишното основно училиште.

 

Работна средба на тема: „Дефинирање на предлог решенија за регулирање на системот за професионален и кариерен развој на наставниците“

Во рамки на Проектот на УСАИД за професионален и кариерен развој на наставниците, се одржа тридневна работната средба на тема: „Дефинирање на предлог решенија за регулирање на системот за професионален и кариерен развој на наставниците“ од 31 јануари до 2 февруари 2014 година.

 

Адаптирање на наставните програми од Cambridge International Examination Centre по наставните предмети математика и природни науки во основното образование

Согласно новите законски измени Биротo за развој на образованието во соработка со Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examination Centre) ги реализираат активностите за адаптирање на наставните програми од Cambridge International Examination Centre по наставните предмети математика и природните науки ( од I – III одделение) во основното образование.

Семинар за снимање на добри практики

 

Во периодот од 29.11-01.12 2013 година се одржа семинар за снимање на добри практики од програмата Математика со размислување и Јазично описменување во почетните одделенија, во хотел Климетица - Охрид. На семинарот учествуваа наставници од основните училишта на територијата на Р. Македонија.

 

Семинар на тема: „Примена на дигитални содржини во наставата по англиски јазик во I, II, III, IV и V одделение“.

Бирото за развој на образованието, во соработка со Британскиот совет во Македонија, организира еднодневен семинар со сите наставници по англиски јазик од основните училишта во Република Македонија кои реализираат настава од I-во (прво) до V-то (петто) одделение во основното образование.

 
 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието