Aktualisht

СЕКТОР ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ КАДАР И СОВЕТОДАВНА СТРУЧНА РАБОТА

Секторот за професионален развој на воспитно-образовниот кадар и советодавно стручна работа својата дејност ја реализира преку:

  • Одделението за изработка на програми и критериуми за професионален развој на воспитно образовниот кадар и
  • Седумте меѓуопштински одделенија
  • Одделението за изработка на програми и критериуми за професионален развој на воспитно образовниот кадар ги врши следните работи:
  • изработува анализи и врз основа на нив ги утврдува потребите за професионален развој на воспитно-образовниот кадар;
  • изработува долгорочен и годишен план  на активности за обука на воспитно-образовниот и раководниот кадар;
  • изработува долгорочен план за потребите за обука на воспитно-образовниот и раководниот кадар;
  • ги спроведува постапките за акредитација за обезбедување услуги во врска со спроведување на обуките на воспитно-образовниот кадар;
  • склучува договор со акредитираните институции и други правни лица за спроведување на обуките на воспитно-образовниот кадар;
  • го следи извршувањето на услугите на акредитираните установи, институции и други правни лица во однос на квалитетот и извршувањето на услугите според утврдените рокови;
  • прибира информации од воспитно-образовниот кадар во врска со програмите за обука;
  • обезбедува квалитет преку  евалвацијата на програмите за обука на кадрите во воспитно-образовните установи во соработка со Државниот просветен инспекторат;
  • дава информации  за констатираните согледувања    за професионалниот развој  на воспитно-образовниот и раководниот кадар;

 Во извршувањето на надлежностите  Секторот за професионален развој на воспитно-образовниот кадар и советодавна стручна работа преку Меѓуопштинските одделенија за советодавна стручна работа  ги врши следните работи:

  • дава советодавна стручна помош на училиштето за концепциските и систематските промени во воспитно-образовниот систем;
  • дава стручни совети за самоевалвација на училиштето и изработка на развојните планови;
  • ги координира активностите, заедно со раководниот тим на училиштето, за изработка и спроведување  на акционите планови за мерките кои треба да се преземат по извршената интегрална евалвација;
  • предлага стандарди за менторскиот систем на воспитно-образовниот кадар;
  • дава редовна стручна помош  на училиштата за подготовка и спроведување на училишните проекти во согласност со развојните планови;
  • врши редовна советодавна стручна работа со наставниците и воспитувачите во врска со наставата по општообразовните  предмети и наставни подрачја, како и за следење, проверување и оценување на учениците;
  • дава стручна помош на училиштата во работата со надарените и талентираните ученици и предлага мерки за нивна поддршка;
  • дава насоки на училиштата за користење на професионалните ресурси на државно и меѓународно ниво;
  • врши инструктивна менторска работа и дава интервентна помош за воспитно-образовниот кадар;
  • поттикнува и организира активности за размена на знаења и професионално искуство меѓу училиштата;
  • соработува со органите на општината и на Градот Скопје за нивни потреби при предлагање на наставни програми;
  • соработува со училиштата, со органите на општината и на Градот Скопје за подобрување на квалитетот на наставата.

 

 
2017 © Copyright Byroja e zhvillimit të arsimit