Aktualisht

Зајакнување на системот на предучилишнотот образование

Од 6 до 8 март во х.Радика Маврово се одржа тридневната стратешка работилница за спроведување систематска анализа на системот за предучилишно образование и изработка на план за да се зголеми пристапот до квалитетно предучилишно образование. Работилницата ја отворија министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс, а на неа присиствуваа претставници од Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Бирото за развој на образованието, Државниот просветен инспекторат, Универзитетот „Кирил и Методиј“ - Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и практичари од повеќе детски градинки, УНИЦЕФ и Светска Банка.

 

На работилницата со помош на концептуалната рамка и алатката којашто ја подготви УНИЦЕФ за дијагностицирање и планирање беше направена проценка на јаките страни и слабостите во потсистемот на предучилишното образование.

 

Преку овој сеопфатен преглед се разгледаа активностите потребни за планирање, буџетирање и управување со човечките ресурси како што се воспитувачите и другиот воспитнообразовен и згрижувачки кадар и физичките ресурси како што е инфраструктурата, квалитетна воспитнообразовна програма и пристап до ресурси за учење кои го поттикнуваат развојот на детето, способностите на воспитувачите за промовирање на сите аспекти на развојот на детото, учество на семејствата и заедниците во раниот детски развој и воспоставување механизам за обезбедување на одговорност и квалитет.

 

По направената проценка се констатираше дека во периодот што следи претставници од надлежните министерства и институции кои имаат свои надлежности во рамките на овој потсистем ќе треба да дадат свој придонес во унапредувањ на квалитетот на предучилишното обраование.

 

 
2018 © Copyright Byroja e zhvillimit të arsimit