Од 15 до 19 мај 2017 година се реализира обука за советниците во Бирото за развој на образованието во рамките на проектот „Оценување за учење: Поставување и употреба на критериуми за успех по математика и природни науки, за часовите во основно образование“ од програмата Еразмус +, КА2, којшто Бирото го спроведува во соработка со своите партнери University of Cambridge Local Examination Syndicate (UCLES), Велика Британија, и Strichting Aflatoun International (Aflatoun), Холандија.
Обуката беше фокусирана на дефинирање и користење на критериумите за успех како составен дел од дневното планирање на часовите по наставните предмети математика и природни науки, биологија, физика и хемија на деветгодишното основно образование.
Втората обука за советниците е предвидено да се одржи од 3 до 8 јули 2017 година и на истата ќе се дефинираат алатки за формативно оценување според критериумите за успех.
rr. "Rugjer Boshkoviq" nr. 20 |
1000 Shkup |
Republika e Maqedonisë |
Tel: ++389 2 3064 131 |
Faks: ++389 2 3061 057 |
e-mail: bro.macedonia@bro.gov.mk |