Aktualisht

Прв транснационален состанок во рамките на Еразмус + проектот

На втори март 2017 година во просториите на Бирото за развој на образованието – Скопје се одржа првиот транснационален состанок во рамките на Еразмус + проектот „Оценување за учење: Поставување и употреба на критериуми за успех по математика и природни науки, за часовите во основно образование“.

 

На средбата, на која присуствуваа преставници на парнерите на проектот, Бирото за развој на образованието, Меѓународниот центар за наставни програми од Кембриџ (Cambridge International Examinations), Велика Британија и од Aflatoun, Холандија, се дискутираше за досегашните реализирани активности, беа презентирани резултатите од истражувањето на почетната состојба во поглед на формативното оценување, а воедно се разгледаа и наредните активности планирани според однапред дадената временска рамка на проектот.

 

Особен акцент беше ставен на претстојните обуки на советниците од Бирото за развој на образованието за формативно оценување при реализацијата на наставните програми по математика и природни науки од прво до петто одделение и по математика и биологија, хемија и физика од шесто до деветто одделение на деветгодишното основно образование.

 

 
2017 © Copyright Byroja e zhvillimit të arsimit