Aktualisht

Издавачка дејност

Издавачката дејност на Бирото за развој на образованието е во директна функција на предучилишното, основното и средното образование, како и на специјалистичкото образование и образованието на возрасните. Видовите, обемот и сидржините на оваа дејност се определени со Законот за Бирото за развој на образованието, Правилникот за издавачката дејност на Бирото за развој на образованието и Основите и облиците на издавачката дејност на Бирото за развој на образованието.
Во рамките на својата издавачка дејност, Бирото за развој на образованието издава:
    - наставни планови и програми за предучилишното, основното, средното, специјалистичкото образование, образованието на децата со посебни образовни потреби и за основното образование на возрасните;
    - прирачници и друга прирачна литература зе воспитувачите, наставниците и стручните соработници;
    - педагошка документација и евиденција за основното и средното образование, како и главна книга и дневник на паралелката за средно образование;
    - научни и стручни трудови за унапредување и осовременување на воспитанието и образованието;
    - списание за прашања од областа на теоријата и практиката на воспитанието и образованието.

Прегледот на издавачката дејност на Бирото за развој на образованието за последните десет години, што го даваме во продолжение, само делумно ја отсликува таа дејност во поглед на нејзиниот опфат, облици и содржина. 

 
2017 © Copyright Byroja e zhvillimit të arsimit