Актуелно

Семинари за образование за животни вештини

      Во рамки на проектот Воведување на содржини за програмата животни вештини и училиште по мерка на детето, како и усогласување на наставните програми со Концепцијата за деветгодишно основно воспитание и образование, кој е склучен врз основа на спогодбата за соработка меѓу Бирото за развој на образованието и Канцеларијата на УНИЦЕФ, во периодот од 22.04-25.04.2012 година беа реализирани семинари за Образование за животни вештини во хотел Климетица  во Охрид. Семинари се одржаа во три периоди и тоа:

 

  • 22-23.04.2012 година (52 учесници од следните градови: Прилеп и околината -Мало Коњари, Лажани, Дебреште, Обршани, Кривогаштани, Кукуречани и Долнени, Битола и  околината -Цапари, Новаци, Могила и Добрушево, Тетово и оклината –Речица, Слатино, Нераште, Пирок, Селце,  Доброште, Одри, Групчин, Требош, Желино, Жеровјане, Порој, Дебар и Гостивар и околината -Дебреште, Чегране, Добридол, Чајле, Градец, Србиново );
  • 23-24.04.2012 година (49 учесници од следните градови: Струга и околината –Радолишта, Октаси, Делогожда, Велешта, Осломеј, Зајас, Тетово и околината –Теарце, Шемшево, Глоѓи, Стенче, Урвич, Боговиње, Нераште, Челопек, Брвеница, Јегуновце, Врапчиште, Дебар, Гостивар, Кичево, Ростуше, Маврови Анови, Центар Жупа, Прилеп и околината –Канатларци, Тополчани, Житоше, Македонски Брод и Пласница );
  • 24-25.04.2012 година (30 учесници од следните градови: Охрид и околината –Велгошта, Пештани, Лескоец, Белчишта, Ресен и оклината –Љубојно, Царев Двор, Подмочани, Прилеп, Кичево, Демир Хисар, Крушево, Струга и околината –Подгорци, Јабланица, Драслајца, Лубаниште,  Вевчени, Другово ).

      На семинарот учествуваа претставници од стручната служба (педагог/ психолог ) од сите основни училишта од регионот на Западна Македонија. Обуките ги одржуваа советници од Бирото за развој на образованието и тоа Лилјана Самарџиска-Панова на македонски наставен јазик и Ајше Ајрулаи на албански наставен јазик. 

 

 

image image image image image image image image image image image image image image image image image image image image image image image image image

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието