Актуелно

Семинар на тема: „Континуирано усовршување на наставниците по физичко образование, основа за професионално напредување“

 

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието, во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Факултетот за физичка култура и Федерацијата на училишен спорт на Македонија, организираа семинари на тема „Континуирано усовршување на наставниците по физичко образование, основа за професионално напредување“.

 

Семинарите се одржаа на 01.11.2012 година, во спортската сала „МАКЕДОНСКИ ХЕРОИ“ на Факултетот за физичка култура во Скопје и на 27.11.2012 година, во спортската сала на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, под покровителство на Владата на Република Македонија.

На семинарите присуствуваа наставници по физичко образование, спорт и спортски активности, како и наставници од одделенска настава кои во својата секојдневна работа реализираат настава по физичко образование.

Покрај овие, предвидено е семинари со иста тематика да се одржат и во други градови во Република Македонија.

 

image image image image

 

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието