Актуелно

Средби со наставници од основните училишта коишто го предаваат предметот иновации

Бирото за развој на образованието од 26 септември до 1 октомври 2014 година оствари средби со 570 наставници од 336 основни училишта во Република Македонија коишто го предаваат предметот иновации во деветто одделение на деветгодишното основно образование.

Наставниците подетално беа запознаени со наставните содржини на предметот иновации и им беа дадени насоки за реализирање на наставата.

На средбите на наставниците им беа презентирани активности како и примери за реализација на целите од наставната програма.

 

Презентација за предметот иновации на македонски јазик

 

Презентација за предметот иновации на албански јазик

 

image image

 

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието