Актуелно

СПОРТСКА ГИМНАЗИЈА – паралелки за фудабал, кошарка, ракомет

      Врз основа на иницијативата на Владата на Република Македонија и законските можности дадени во Законот за средно образование,  Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Агенцијата за спорт и млади подготвија проект за воведување на нови паралелки во Државното средно училиште Методија Митевски – Брицо во коишто ќе се образуваат и тренираат млади фудбалери, ракометари, кошаркари и тенисери.

 

      Бирото за развој на образованието подготвува наставен план и наставни програми за образованието на младите фудбалери, тенисери, ракометари и кошаркари. Образованието за младите спортисти ќе се состои од општообразовни предмети што ќе им овозможи стекнување на знаења од областа на мајчиниот јазик, англискиот јазик, историјата, информатиката, основите на природните и општествените науки.  Преку овие предмети ќе им биде и овозможено полагање на државна матура и продолжување на образованието на високо образовните институции. Исто така, тие ќе изучуваат стручни предмети поврзани со спортот, а вештините на играта и посветеноста кон спортот ќе ги јакнат во тренинзите раководени од врвни домашни и меѓународни тренери.

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието