Актуелно

Семинари за задолжителните предмети во VI оддление на деветгодишното образование

   Во периодот од 22.08. до 09.09.2011 година Бирото за развој на образованието согласно годишната програма за работа, ќе започне со реализација на семинари со наставниците од основните училишта кои ќе изведуваат настава по новите наставни програми за задолжителните предмети во VI одделение на деветгодишното образование. Семинарите ќе бидат еднодневни и ќе се одржуваат на регионално ниво.

   Целта на семинарите е обука на наставниците за имплементација на новите наставни програми за VI одделение на деветгодишното основно образование за предметите: македонски јазик, албански јазик, турски јазик, српски јазик, македонски јазик за учениците од другите заедници, англиски јазик, германски јазик, француски јазик, руски јазик, математика, ликовно образование, музичко образование, техничко образование, информатика, историја, природни науки и техника и физичко и здравствено образование.

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието