Актуелно

Работна средба на тема: „Дефинирање на предлог решенија за регулирање на системот за професионален и кариерен развој на наставниците“

Во рамки на Проектот на УСАИД за професионален и кариерен развој на наставниците, се одржа тридневна работната средба на тема: „Дефинирање на предлог решенија за регулирање на системот за професионален и кариерен развој на наставниците“ од 31 јануари до 2 февруари 2014 година.

 

Целта на оваа работната средба беше утврдување на релевантните образовни политики и идентификување на правните акти и законски решенија кои треба да се надградат и/или изработат, а кои се однесуваат на подобрување на системот за професионален и кариерен развој на наставниците. Воедно беа дискутирани можни решенија и активности што треба да се спроведат во 2014 година, како и улогата и одговорностите на клучните образовни институции во подобрување на професионалниот развој и воспоставувањето на напредувањата во звања на наставниците.

 

Проектот го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование, во партнерство со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието. На работната средба учествува претставници и од останатите образовни институции и партнери во реализирањето на проектот: Државниот просветен инспекторат, Центарот за стручно образование и обука и Државниот испитен центар. Проектот на УСАИД за професионален и кариерен развој има за цел да го надгради и подобри системот за професионален и кариерен развој на наставниците и на тој начин да придонесе за поквалитетна воспитно-образовна работа и повисоки постигања на учениците во Македонија.

 

 

image image

 

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието