Актуелно

Работилници за имплементација на адаптираните наставни програми на Кембриџ по предметите математика и природни науки од I до III одделение

Во периодот јануари-февруари 2015 година Бирото за развој на образованието одржа работилници за имплементација на адаптираните наставни програми на Кембриџ по предметите математика и природни науки за прво, второ и трето одделение во основното образование за наставниците коишто од септември во учебната 2015/2016 година ќе почнат со реализирање на наставата во прво одделение.

 

На работилниците наставниците беа запознаени со наставните програми, при што им беа дадени насоки за поефикасно планирање и реализација на истите.

 

Наставниците беа запознаени и со ресурсите коишто можат да ги користат за поуспешна реализација на наставните програми по математика и природни науки за прво, второ и трето одделение.

 

Работилниците се одвиваа во позитивна атмосфера со покажан исклучителен интерес од страна на наставниците.

 

image image image image image image

 

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието