Актуелно

Презентација на истражување на тема: „Актуелната состојба и предизвиците во предучилишното воспитание и образование“

На 20.10.2017 година во просториите на Бирото за развој на образоването беше организирана работна средба на која беше презентирано истражувањето на тема „Актуелната состојба и предизвиците во предучилишното воспитание и образование“. На средбата во присуство на г-ѓа Рената Дескоска, министер за образование и наука, г. Ризван Бела, директор на Бирото за развој на образоването, г. Ванчо Петрушевски, заменик директор во Бирото за развој на образоването, претставници на Министерството за труд и социјална политика, на Бирото за развој на образованието, на Институтот за педагогија и Педагошкиот факултет, беа изнесени факти од истражувањето, со посебен акцент на препораките.

 

На средбата покрај презентирањето се разви и плодна дискусија за идните препораки и мерки со цел превземање на конкретни чекори за квалитетни системски промени во предучилишното воспитание и образование.

 

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието