Актуелно

„Оценување за учење: Поставување и употреба на критериуми за успех по математика и природни науки, за часовите во основно образование“

Од 15 до 19 мај 2017 година се реализира обука за советниците во Бирото за развој на образованието во рамките на проектот „Оценување за учење: Поставување и употреба на критериуми за успех по математика и природни науки, за часовите во основно образование“ од програмата Еразмус +, КА2, којшто Бирото го спроведува во соработка со своите партнери University of Cambridge Local Examination Syndicate (UCLES), Велика Британија, и Strichting Aflatoun International (Aflatoun), Холандија.

 

Обуката беше фокусирана на дефинирање и користење на критериумите за успех како составен дел од дневното планирање на часовите по наставните предмети математика и природни науки, биологија, физика и хемија на деветгодишното основно образование.

 

Втората обука за советниците е предвидено да се одржи од 3 до 8 јули 2017 година и на истата ќе се дефинираат алатки за формативно оценување според критериумите за успех.

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието