Актуелно

Обука за новата наставна програма по предметот иновации за деветто (IX) одделение на деветгодишното основно образование

Бирото за развој на образованието (БРО) заедно со Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) и Центарот за развој на нови бизниси организира еднодневна обука за наставниците коишто ја реализираат наставата по предметот иновации за деветто (IX) одделение на деветгодишното основно образование.

 

Обуката беше организирана во неколку градови во Република Македонија и беше реализирана на македонски и албански наставен јазик.

 

На обуката наставниците се запознаа со новата наставна програма по предметот иновации за деветто (IX) одделение на деветгодишното основно образование, како и со методите и активностите за нејзина реализација, пред сè преку практични примери.

 

Презентации од обуките: на македонски јазик / на албански јазик

 

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието