Актуелно

Обука за новата наставна програма по проектната активност иновации и претприемништво за прва, втора и трета година на гимназиското и средното уметничко образование

На 19.09.2015 година Бирото за развој на образованието (БРО) заедно со Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) и Центарот за развој на нови бизниси организираше еднодневна обука за наставниците коишто ја реализираат наставата по проектната активност иновации и претприемништво за (I) прва, (II) втора и (III) трета година на гимназиското и средното уметничко образование.

 

Обуката на македонски јазик се одржа во просториите на Машинскиот факултет – Скопје, додека обуката на албански јазик се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

 

Целта на обуката беше наставниците да се запознаат со новата наставна програма, како и со методите и активностите за нејзина реализација.

 

Презентации од обуките: на македонски јазик / на албански јазик

 

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието