Актуелно

Обука за новата наставна програма по предметот бизнис и претприемништво за (IV) четврта година на гимназиското и средното уметничко образование

На 12.09.2015 година Бирото за развој на образованието (БРО) заедно со Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење (НЦРИПУ) и Центарот за развој на нови бизниси организираше еднодневна обука за наставниците коишто го предаваат предметот бизнис и претприемништво за (IV) четврта година на гимназиското и средното уметничко образование.

 

Обуката се одржа во просториите на Машинскиот факултет – Скопје на која присуствуваа 90-тина наставници коишто ја реализираат наставата по предметот бизнис и претприемништво за (IV) четврта година на гимназиското и средното уметничко образование на македонски и албански наставен јазик.

 

Целта на обуките беше наставниците да се запознаат со новата наставна програма, како и со методите и активностите за нејзина реализација.

 

Презентации од обуките: на македонски јазик / на албански јазик

 

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието