Актуелно

Обуки за наставниците за новата наставна програма за предметот работа со компјутер и основи на програмирање

Во периодот од 20.08.2015 до 02.09.2015 година се реализираат еднодневни обуки за одделенските наставници кои во учебната 2015/2016 година ќе изведуваат настава по предметот работа со компјутер и основи на програмирање во III одделение согласно новиот наставен план и новите наставни програми за деветгодишното основно образование.

 

Целта на обуките е наставниците да добијат насоки за реализација на новата наставна програма, во однос на методите и активностите за реализација на истата.

 

Обуките се организирани регионално, на македонски јазик и на албански наставен јазик, од страна на акредитиран понудувач на обука и услуги. Со обуките ќе бидат опфатени 1500 наставници од основните училишта во Република Македонија.

 

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието