Актуелно

Обуки на наставниците за новите наставни програми изготвени во соработка со Cambridge International Examinations

Во јуни и втората половина на август 2015 година Бирото за развој на образованието организира и реализира дводневни обуки за одделенските наставници кои во учебната 2015/2016 година ќе изведуваат настава по математика во IV и V одделение и природни науки во IV одделение и за предметните наставници кои ќе изведуваат настава по математика во VI одделение и природни науки во V и VI одделение согласно новиот наставен план и новите наставни програми за деветгодишното основно образование.

 

Новите наставни програми се изготвени од страна на Бирото за развој на образованието во соработка со Меѓународниот центар за наставни програми за основно образование од Кембриџ (Cambridge International Examinations).

 

Целта на обуките е наставниците да се запознаат со новите наставни програми, како и со методите и активностите за нивна реалзиација.

 

Обуките се органиизрани регионално, на македонски јазик и на албански јазик, а ќе ги следат вкупно 5100 наставници од основните училишта во Република Македонија.

 

Согласно новиот наставен план, од учебната 2015/2016 година наставниот предмет математика ќе се изучува со пет часа неделен фонд од IV до VI одделение, додека наставниот предмет природни науки со 2 часа неделен фонд.

 

 

Скопје Скопје Берово Берово Прилеп Прилеп Прилеп Куманово Куманово

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието