Актуелно

Обуки за мастер обучувачи за имплеменатација на новите наставни програми по математика и природни науки од IV до VI одделение на деветгодишното основно образование

Експерти по математика и природни науки од Меѓународниот центар за наставни програми за основно образование од Кембриџ (Cambridge International Examinations), Англија, реализираат обуки за мастер обучувачи за имплеменатација на новите наставни програми по математика и природни науки од IV (четврто) до VI (шесто) одделение на деветгодишното основно образование, адаптирани од страна на Бирото за развој на образованието.

 

Обуката ја следат 40 советници од Бирото за развој на образованието и 80 наставници од основните училишта во Република Македонија, кои потоа како обучувачи ќе ја десеминираат обуката за сите останати наставници коишто од учебната 2015/2016 година ќе изведуваат настава по новите наставни програми по предметите математика и природни науки од IV (четврто) до VI (шесто) одделение на деветгодишното основно образование.

 

... ... ... ...

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието