Актуелно

Работилници за начинот на користење на инструментите за мониторинг на часовите по математика и природни науки од I - III одделение и од IV - VI одделение

На 16 и 17 март 2015 година за советниците од Бирото за развој на образованието беа организирани работилници за начинот на користење на инструментите за мониторинг на часовите по математика и природни науки од I - III одделение и од IV - VI одделение, реализирани од страна на експерти по математика и природни науки од Меѓународниот центар за наставни програми за основно образование од Кембриџ (Cambridge International Examinations), Англија.

 

Основната цел на работилниците беше детално разгледување на сите инструменти коишто ќе се користат за време на мониторингот на часовите по математика и природни науки од I - III одделение и од IV - VI одделение, а воедно беше усогласена терминологијата којашто ќе се користи при употребата на инструментите за мониторинг.

 

image image

 

 

 

 

 

 

 

Советниците од Бирото заедно со експертите од Меѓународниот центар за наставни програми за основно образование од Кембриџ посетија и неколку основни училишта во Република Македонија со цел да се согледа како се реализираат адаптираните наставни програми по математика и природни науки од I - III одделение, како и да се согледа актуелната состојба во врска со реализацијата на наставата по математика од IV - VI одделение и природа во IV одделение, природни науки во V одделение и природни науки и техника во VI одделение.

 

image image image

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието