Актуелно

Прирачник за правата на потрошувачите по предметот вештини за живеење

Бирото за развој на образованието во соработка со Организацијата на потрошувачите на Македонија, изработија Прирачник за правата на потрошувачите којшто наставниците можат да го користат за реализација на содржините по изборниот предмет вештини за живеење во основните училишта.

 

Исто така, прирачникот, наставниците можат да го користат и при реализација на ученички проекти, слободни-ученички активности и други активности во рамки на училиштето во насока на промоција и заштита на правата на учениците како потрошувачи.

 

Целта е наставниците да добијат нови сознанија, информации и практични примери за примена на содржини и теми од потрошувачкото право и политика во Република Македонија.

 

Учениците, пак, преку активностите ќе ги зголемат своите знаења и вештини во практикување и остварување на своите права како потрошувачи и корисници на услуги, а воедно ќе стекнат способности со кои ќе можат да донесуваат правилни потрошувачки одлуки.

 

Прирачниците може да ги разгледате и симнете на следниов линк.

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието