Актуелно

Работилници за адаптирање на наставните програми на Кембриџ по предметите природни науки и математика од IV до VI одделение

Во периодот од 16.12.2014 до 19.12.2014 година во просториите на Бирото за развој на образованието во Скопје се одржаа работилници за адаптирање на наставните програми на Кембриџ по предметите природни науки и математика за четврто, петто и шесто одделение основно образование.

 

На работилниците присуствуваа претставници експерти од Кембриџ, како и компетентни советници од Бирото за развој на образованието за наставните предмети природни науки и математика. На работилниците беа анализирани и усогласени целите од наставните програми на Кембриџ по предметите природни науки и математика за четврто, петто и шесто одделение и истите беа утврдени во нивната финална форма.

 

 

image image image image image

 

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието