Актуелно

Новини во гимназиското образование во учебната 2014/2015 година

Од оваа учебна 2014/2015 година направени се измени во наставниот план на гимназиското образование во природно-математичкото подрачје-комбинација А. Заради овозможување континуитет во изучувањето на информатичките науки и проодност кон техничките науки во високото образование, во трета година во истото подрачје воведен е предметот програмски јазици со два часа неделно, а продолжува со три часа неделно со нова наставна програма во четврта година.

 

Исто така, адаптирани се наставните програми по алгебра и линеарна алгебра и аналитичка геометрија во трета година со неделен фонд од 2 часа.


Наставните програми може да се најдат на нашата веб-страна во делот Наставни програми.

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието