Актуелно

Новини во основното образование во учебната 2014/2015 година

Од оваа учебна 2014/2015 година учениците во прво, второ и трето одделение ќе следат настава по нови наставни програми по математика и природни науки (превземени и адаптирани од наставните програми на Cambridge International Examinations). Исто така, изготвени се наставни програми по наставниот предмет општество од I до III одделение. Целите и содржините од овие наставни програми во најголем дел се истите содржини коишто и досега учениците ги изучуваа во рамките на наставниот предмет запознавање на околината.

 

За учениците од IX одделение се воведува нов наставен предмет – иновации, за што министерот за образование и наука донесе измени во наставниот план и ја утврди наставната програма по наведениот предмет.

 

Целта на воведувањето на овој наставен предмет е кај учениците да се развиваат компетенции, како што се: креативност, иницијативност, генерирање на идеи, самодоверба, тимска работа, како и основни бизнис вештини од областа на продажбата и финансиската писменост, развивање на иновативното размислување и отвореност за самоистражување, инвентивност, желба за остварување на своите идеи, користење на можности, преземање на ризик и сл.

 

Новиот наставен план и наставените програми се поставени на нашата веб страница во делот Наставни планови и во делот Наставни програми, а за дополнителни информации, стручна и советодавна помош и поддршка сите училишта ќе бидат контактирани од одговорните советници на Бирото за развој на образованието.

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието