Актуелно

Обуки со одделенски наставници за наставата по математика и природни науки

Почнувајќи од 12 јуни па се до крајот на август Бирото за развој на образованието ги реализира обуките со одделенските наставници од сите основни училишта во Република Македонија за наставата по математика и природни науки. Обуката е дизајнирана според адаптираните наставни програми од Меѓународниот центар за наставни програми во Кембриџ.

 

На обуката присуствуваат наставниците кои во учебната 2014/2015 година ќе изведуваат настава од прво до трето одделение, како и претставник од стручните служби во училиштата. Обуката се реализира на македонски и албански јазик.

 

Предавачи на обуката се советниците од Бирото за развој на образованието и наставници кои во месец април завршија обука за мастер обучувачи од експерти од Кембриџ. Во текот на обуките поддршка на обучувачите ќе им дадат и експертите од Меѓународниот центар за наставни програми во Кембриџ, кои ќе ги следат семинарите за новите наставни програми.

 

image image image image image image

 

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието