Актуелно

Адаптирани наставни програми за математика и природни науки од Cambridge International Examination Centre

Бирото за развој на образованието ве известува дека од учебната 2014/2015 година почнува изучувањето на предметите математика и природни науки според адаптираните наставни програми од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examination Centre).

 

 

Главните карактеристики на адаптираните наставни програми по предметите математика и природни науки се:

 

Спирална наставна програма – Учениците учат одредена тема, но подоцна во наставата се навраќаат на истата тема и повторно ја изучуваат на повисоко ниво и во поинаков контекст. На ваков начин им се овозможува на учениците да го консолидираат и градат знаењето коешто го научиле.

 

Научни истражувања – Целта на оваа карактеристика е да се насочат учениците на вистинскиот пат за да станат идни „научници“. Програмите вклучуваат истражувања кои ги охрабруваат учениците да поставуваат прашања и самите да доаѓаат до одговори преку поддршката од наставниците. Ова е докажана метода со којшто часовите по предметите математика и природни науки стануваат интересни за учениците, а сознанијата остануваат научени. Исто така, наставните програми им овозможуваат на учениците да развијат критичко мислење, да размислуваат и да ги користат доказите.

 

Решавање на проблеми - Учениците многу лесно ќе научат дека математиката и природните науки се важни и ќе им помогнат во решавање на проблемите во секојдневниот живот.

 

 

Наставната програма по предметот математика е поделена на пет подрачја: Броеви, Математички операции, Геометрија, Мерење, Работа со податоци и Решавање проблеми, а ќе се реализира со фонд од 5 часа неделно, односно 180 часа годишно. Оваа наставна програма се фокусира на принципи, шеми, системи, функции и односи така што учениците можат да го применат математичкото знаење и да развијат сеопфатно разбирање на предметот.

 

Наставната програма по природни науки е застапена во четири содржински области: Научно истражување, Биологија, Хемија и Физика, а ќе се реализира со фонд од 2 часа неделно, односно 72 часа годишно. Вака адаптираната наставна програма се фокусира на развивање на интересот на учениците за стекнување на научно знаење.

 

За успешна примена на адаптираните наставни програми по математика и природни науки од прво до трето одделение Бирото за развој на образованието ќе одржи обуки за наставниците од основните училишта во Република Македонија, според програма и агенда усогласена со Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examination Centre).

 

Наставниците ќе добијат „Водич за наставници“ со совети за квалитетно планирање и реализирање на часовите и упатство за планирање на наставата во текот на учебната година.

 

Прирачникот дава јасно воведување во темите за учење, помагајќи им на наставниците да го оптимизираат учењето на учениците. Воедно, прирачникот нуди совети и за набљудување на активностите на група или поединци при спроведувањето на наставните програми. Голем акцент се става и на повратниот одговор што го добива наставникот од учениците за одредената наставна цел. Повратниот одговор покажува колку ученикот напредува во однос на наставната програма и е добар индикатор како за наставникот така и за родителите.

Прирачникот е надополнет со додатоци за:

  • креирање на планирањето;
  • подготовка и предавање на лекцијата;
  • споделување на целите на учењето;
  • креирање на критериумите на успех со учениците;
  • одредување на постоечките вештини за формативно оценување;
  • ефикасно користење на прашања.

 

Во примената и реализацијата на адаптираните наставни програми по предметите математика и природни науки од Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examination Centre) важен дел има информациската и комуникациската технологија (ИКТ), којашто е корисен ресурс при развивањето на знаењата, вештините и разбирањето кај учениците. ИКТ треба да го зголеми квалитетот на наставата. Наставниците ќе имаат можност да ги изберат и да ги користат најсоодветните и најефикасните ИКТ извори.

 

Наставни програми по математика (на македонски јазик): прво одделение, второ одделение, трето одделение

 

Наставни програми по математика од учебната 2015/2016 година (на македонски јазик): четврто одделение, петто одделение, шесто одделение

 

Наставни програми по математика од учебната 2016/2017 година (на македонски јазик): седмо одделение, осмо одделение, деветто одделение

 

Наставни програми по математика од учебната 2016/2017 година (на албански јазик): седмо одделение, осмо одделение, деветто одделение

 

Наставни програми по математика (на албански јазик): прво одделение, второ одделение, трето одделение

 

Наставни програми по математика од учебната 2015/2016 година (на албански јазик): четврто одделениепетто одделение, шесто одделение

 

Наставни програми по природни науки (на македонски јазик):                     прво одделение, второ одделение, трето одделение

 

Наставни програми по природни науки од учебната 2015/2016 година: четврто одделение, петто одделение, шесто одделение

 

Наслови на лекциите од наставната програма по природни науки за:   четврто одделение, петто одделение, шесто одделение


Наставни програми по природни науки (на албански јазик): прво одделение, второ одделение, трето одделение

 

Наставни програми по природни науки (на албански јазик):                 четврто одделение, петто одделение, шесто одделение

 

Наставни програми по физика од учебната 2016/2017 година (на македонски јазик): осмо одделениедеветто одделение

 

Наставни програми по физика од учебната 2016/2017 година (на албански јазик): осмо одделениедеветто одделение

 

Наставни програми по хемија од учебната 2016/2017 година (на македонски јазик): осмо одделениедеветто одделение

 

Наставни програми по хемија од учебната 2016/2017 година (на албански јазик): осмо одделение, деветто одделение

 

Наставни програми по биологија од учебната 2016/2017 година (на македонски јазик): седмо одделениеосмо одделениедеветто одделение

 

Наставни програми по биологија од учебната 2016/2017 година (на албански јазик): седмо одделение, осмо одделение, деветто одделение

 

Прирачник за наставата по математика и природни науки на македонски јазик

 

Прирачник за наставата по математика и природни науки на албански јазик

 

Упатство за планирање на наставата по математика за прво полугодие:   прво одделение, второ одделение, трето одделение на македонски јазик

 

Упатсто за планирање на наставата по математика за второ полугодие:   прво одделение, второ одделение, трето одделение на македонски јазик

 

Упатство за планирање на наставата по математика за прво полугодие:   прво одделение, второ одделение, трето одделение на албански јазик

 

Упатство за планирање на наставата по математика за второ полугодие: прво одделение, второ одделение, трето одделение на албански јазик

 

Упатство за планирање на наставата по природни науки за прво полугодие: прво одделение, второ одделение, трето одделение на македонски јазик

 

Упатство за планирање на наставата по природни науки за второ полугодие: прво одделение, второ одделение, трето одделение на македонски јазик

 

Упатство за планирање на наставата по природни науки за прво полугодие: прво одделение, второ одделение, трето одделение на албански јазик

 

Упатство за планирање на наставата по природни науки за второ полугодие: прво одделение, второ одделение, трето одделение на албански јазик

 

Потребни средства за реализација на наставата по новите наставни програми

- Ресурси математика 7, 8 и 9 одделение

- Ресурси биологија 7, 8 и 9 одделение

- Ресурси хемија 8 и 9 одделение

- Ресурси физика 8 и 9 одделение

- Ресурси математика I година

- Ресурси биологија I година

- Ресурси хемија I година

- Ресурси физика I година

 

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието