Актуелно

Проект за професионален и кариерен развој на наставниците

Почитувани,

Ви го пренесуваме второто издание на Билтенот на проектот на УСАИД за професионален и кариерен развој на наставниците. Проектот е финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), а го спроведува Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), во партнерство со Бирото за развој на образованието.

 

Целта на проектот е да се надгради и подобри системот за професионален и кариерен развој на наставниците и на тој начин да придонесе за поквалитетна воспитно-образовна работа на наставниците и повисоки постигања на учениците во Република Македонија.

 

Проектот започна да се спроведува во декември 2012 година и ќе трае до јуни 2015 година.

 

Во изминатиот период работевме на реализирање на дел од препораките произлезени од анализата. Работните групи, составени од претставници од клучните образовни институции, претставници од факултетите кои образуваат наставници и стручни соработници и практичари од училиштата, со поддршка на Македонскиот центар за граѓанско образование и во соработка со Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор, ги изработија следните документи за професионалниот развој на воспитно-образовниот кадар во училиштата:

  • Нацрт на основни професионални компетенции за наставници;
  • Нацрт-стандарди за наставник-ментор;
  • Нацрт-стандарди за наставник-советник;
  • Нацрт на основни професионални компетенции за стручни соработници;
  • Нацрт-стандарди за стручен соработник-ментор;
  • Нацрт-стандарди за стручен соработник-советник;

Изготвеното Упатство за следење на работата и планирање на професионалниот развој на наставниците и стручните соработници во основните и во средните училишта, веќе се пилотира во нацрт-верзија во 14 основни и средни училишта од страна на околу 150 наставници и стручни соработници за да се добијат мислења и сугестии за негово квалитативно подобрување.

 

Работната група за изготвување на процедури и инструменти за напредување во звања на воспитно-образовниот кадар работи на поставување на систем, процеси и процедури прифатливи за сите засегнати страни во системот.

 

Во соработка со Министерството за образование и наука, проектот изготви финансиски симулации на системот за професионален и кариерен развој, со цел да обезбедиме транспарентен, праведен и одржлив систем за напредување во звања на наставниците и на стручните соработници.

 

Во соработка со Државниот испитен центар, проектот го поддржа изработувањето на Основните професионални компетенции за директори на основните и на средните училишта, кои ќе послужат за професионален развој на раководниот кадар во училиштата.

 

Ова е само краток опис на многуте интересни и важни активности што се случуваат во проектот, а што се дел од овој Билтен, па затоа ве покануваме да ги прочитате.

 

ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ бр. 1

ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ бр. 2

ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ бр. 3

ПРОЕКТ ЗА ПРОФЕСИОНАЛЕН И КАРИЕРЕН РАЗВОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ бр. 4

PROJEKTI PËR ZHVILLIM PROFESIONAL DHE NË KARRIERË TË ARSIMTARËVE nu.1

PROJEKTI PËR ZHVILLIM PROFESIONAL DHE NË KARRIERË TË ARSIMTARËVE nu.2

PROJEKTI PËR ZHVILLIM PROFESIONAL DHE NË KARRIERË TË ARSIMTARËVE nu.3

PROJEKTI PËR ZHVILLIM PROFESIONAL DHE NË KARRIERË TË ARSIMTARËVE nu.4

TEACHER PROFESSIONAL AND CAREER DEVELOPMENT PROJECT no. 1

TEACHER PROFESSIONAL AND CAREER DEVELOPMENT PROJECT no. 2

TEACHER PROFESSIONAL AND CAREER DEVELOPMENT PROJECT no. 3

TEACHER PROFESSIONAL AND CAREER DEVELOPMENT PROJECT no. 4

 

Основни професионални компетенции и стандарди за наставници / Kompetenca themelore profesionale dhe standarde për arsimtarë

 

Основни професионални компетенции и стандарди за стручни соработници / Kompetenca themelore profesionale dhe standarde për bashkëpunëtorë profesional

 

Професионални компетенции за доректори на основни и средни училишта / Kompetenca profesionale për drejtorë të shkollave fillore dhe të mesme

 

Прирачник за следење на работата и планирање на професионалниот развој на наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта / Doracak për vëzhgimin e punës dhe planifikimin e zhvillimit profesional të arsimtarëve dhe bashkëpunëtorëve profesional në shkolla fillore dhe të mesme

 

Водич за професионален и кариерен развој на наставниците во основните и средните училишта / Udhëzues për zhvillim profesional dhe në karrierë të arsimtarëve në shkollat fillore dhe të mesme

 

Водич за професионален и кариерен развој на стручните соработници во основните и средните училишта / Udhëzues për zhvillim profesional dhe në karrierë të bashkëpunëtorëve profesional në shkolla fillore dhe të mesme

 

Упатство за начинот и формата на менторската поддршка на наставниците-приправници и стручните соработници-приправници во основните и средните училишта / Udhëzues për mënyrën dhe formën e mbështetjes mentoruese të arsimtarëve-fillestare dhe bashkëpunëtorëve profesional-fillestar në shkollat fillore dhe të mesme

 
2017 © Copyright Биро за развој на образованието