Актуелно

Адаптирање на наставните програми од Cambridge International Examination Centre по наставните предмети математика и природни науки во основното образование

Согласно новите законски измени Биротo за развој на образованието во соработка со Меѓународниот центар за наставни програми на Кембриџ (Cambridge International Examination Centre) ги реализираат активностите за адаптирање на наставните програми од Cambridge International Examination Centre по наставните предмети математика и природните науки ( од I – III одделение) во основното образование.

Во рамките на горенаведените активности тим од експерти за горенаведените предмети од Cambridge International Examination Centre реализира работни средби со советници од Бирото за развој на образованието со цел адаптирање на наставните програми од Cambridge International Examination Centre со националните наставни програми по математика и природни науки.

Имплементација на адаптираните наставни програми ќе започне во учебната 2014/2015 година. Работните средби се реализираа во периодот од 08.01.– 11.01.2014 година во просториите на Бирото за развој на образованието.

Во рамките на активностите, со цел успешна имплементација на адаптираните наставни програми тим од експерти од Cambridge International Examination Centre реализира работни средби со советници од Биротo за развој на образованието на кои беа дефинирани активностите за обука на Master обучувачи (обуката ќе биде реализирана од експерти од Cambridge), кои ќе извршат обука на сите наставници од основните училишта во Република Македонија, за имплементација на адаптираните наставни програми по математика и природни науки од I – III одделение и кои ќе бидат имплементирани во учебната 2014/2015 година.

На истата работна средба беа дефинирани активности за мониторинг на наставата по математика и природни науки во почетните одделенија на деветгодишното основно образование со цел да се согледаат ефектите од имплементацијата на адаптираните наставни програми.

Работната средба се реализираше од 10.02. – 11.02.2014 година во просториите во Биротo за развој на образованието.

 

 

image image image image image image

 

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието