Актуелно

Изработка на нови наставни програми

 Врз основа на пријавените кандидати за надворешни соработници за изработка на наставни програми, директорот на Бирото за развој на образованието формираше комисии за изработка на адаптирани наставни програми за  петто одделение за учениците со посебни образовани потреби од посебните училишта,  наставни програми за деветгодишно и шестгодишно основно музичко образование, како и наставни програми за проектни активности во гимназиско образование за иновациии и претприемништво.

Врз основа на предлог програмите од комисиите, Бирото за развој на образованието ќе му предложи на министерот за образование и наука донесување на истите.

Имплементацијата на наставните програми ќе започе од учебната 2012/13 година.

 

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието