Актуелно

Европски ден на претприемачот

 

На Европскиот ден на претприемачот - 30 мај 2012,  во хотелот Александар палас во Скопје се одржа  финалниот настан по повод Државниот натпревар за најдобар бизнис план за средните училишта во Република Македонија.

 

Бирото за развој на образованието и Центарот за развој на нови бизниси, при Машински факултет - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и оваа учебна година го организираа натпреварот за најдобар бизнис план меѓу гимназиите, средните уметнички училишта и средните стручни училишта.

Натпреварот, како и изминатите години, започна во месец октомври со обуки за наставниот кадар којшто го предава наставниот предмет бизнис и претприемништво. До крајот на декември се реализираа и обуки за избрани групи на ученици од средните училишта за подготовка на бизнис план. Потоа, секое училиште организираше локални натпревари и најдобриот бизнис план го испрати до Центарот за развој на нови бизниси (средината на месец март).

 

Најдобрите 10 средни училишта имаа јавна презентација на своите бизнис планови.

Покровител на Државниот натпревар за најдобар бизнис план за гимназиите и средните училишта во Република Македонија, од оваа година, е Претседателот на Владата на Република Македонија м-р Никола Груевски.

 

 
2018 © Copyright Биро за развој на образованието